Дома Трансфер зона Салцбург има нов „бисер“, го сакаат Милан и Јувентус

Салцбург има нов „бисер“, го сакаат Милан и Јувентус

Салцбург е познат како клуб кој во последните години лансираше голем број на таленти, а сега има нова ѕвезда за која се „тепаат“ европските гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за 21-годишниот Бренден Аронсон, кој во јануари оваа година пристигна во Салцбург од Филаделфија.

Аронсон е офанзивен играч за врска, кого го карактеризира голема техника и чуство за гол и веќе е стандарден репрезентативец на САД.

Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Салцбург за слободата на својот „бисер“ бара 25 милиони евра, па се очекува наскоро да започнат преговори со италијанските клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…