Плејмејкерот на Јувентус, Артур Мело е новата трансферна цел на Арсенал, пренесуваат медиумите на Островот.
Бразилециот не е во плановите на Макс Алегри и Арсенал е еден од клубовите кои се заинтересирани за неговиот потпис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јувентус сака што побрзо да се ослободи од него и од неговата висока плата, па е спремен да го испрати на позајмица со право на откуп.
Со оглед на фактот дека другите заинтересирани клубови не можат да си ја дозволат платата на Бразилецот, во овој момент Арсенал е во пол-позиција за неговиот потпис.
Во моментов преговорите помеѓу двата клуба се во почетна фаза, но Арсенал е заинтересиран да го донесе Бразилецот на позајмица бидејќи Артета бара засилување за средниот ред.