Дома Трансфер зона Кутињо има три опции од Премиер лигата

Кутињо има три опции од Премиер лигата

Барселона на сите начини се обидува да се ослободи од Фелипе Кутињо.

Бразилецот е убедливо најплатен играч во екипата и Лапорта со неговата плата би можел да ги покрие примањата на Феран Торес, па и уште некое засилување. Затоа во Барса ќе напарават се Кутињо да си замине во јануари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чави исто така веќе му порачал на Кутињо дека не смета на него, а неговите агенти наводно водат преговори. Ниту на Кутињо не му одговара баш да остане во Барселона затоа што така може да биде надвор од составот и ризикува да не добие повик од Бразил за Мундијалот во Катар.

Се шпекулира дека Кутињо има три опции од Премиер лигата и тоа – Тотенхем, Арсенал и Евертон.

Конте сака засилување во сите линии, а прашање е дали Кутињо е профил на играч кој му е потребен. Микел Артета нема ништо рптов доаѓањето на Кутињо, иако тука е силна конкуренцијата од Емилс Смит Роу и Мартин Одегард.

И за крај Евертон која би била „предавничка“ опција за Кутињо кој остави длабока трага во Ливерпул. Проблем за сите заинтересирани може да биде неговата огромна плата од 18 милиони евра, клубовите кои се заинтересирани не сакаат да му дадат ниту половина од истата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…