Дома Фудбал Aнчелоти: Азар е важен за тимот, овациите за Бензема беа неверојатни

Aнчелоти: Азар е важен за тимот, овациите за Бензема беа неверојатни

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти имаше пофалби за своите фудбалери после победата над Атлетик Билбао од 2:1 во на 21. коло од Ла Лига.

„Огромна победа за нас. Прикажавме фантастичен настап со играчи кои не добиваат многу минути во последно време. Навистина мора да го нагласам трудот и напорот на Начо, Лукас, Васкез, Камвинга, Валверде и Азар кои не играа многу, а се беа одлични“.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Азар е важен за тимот. Индивидуално одигра многу подобро на овој натпревар. Одигра добро, а го заменив затоа што не бев сигурен како се чувствува физички“.

Двата гола за Реал беа дело на Бензема.

„Овациите за Карим беа неверојатни. Ова е стадион со прекрасна атмосфера, Карим го заслужи тоа“, истакна Анчелоти.

Во овој момент Анчелоти е лидер на табелата со 46 бодови, осум повеќе и натпревар повеќе од Севиља. Во првиот натпревар во 2022 година Реал ќе гостува на Гетафе на 2. јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Водителката Мирослава повторно е хит во Лигата на шампионите (Фото)

Првото коло од Лигата на шампионите, најпознатото клупско фудбалско натпреварување во свет…