Порастот на бројот на заразени со коронавирус во целиот свет ја натера една од најсилните лиги во светот на воведување нови правила.
Ла Лига на клубовите им даде упатства играчите пред натпреварот да не се пресоблекуваат во соблекувата, ниту да се тушираат со цел да се избегнат контактите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се советува да се прави она што се правеше во време кога беше врвот на пандемиата. Тогаш играчите доаѓаа спремни за натпреварот и не ги користеа соблекувалните.
Според новите правила играчите од првата и втората шпанска лига мораат да прават антигенски тест секој ден кога тренираат или играат натпревари. Исто така по враќањето од божиќнитеп разници мора да се направи ПЦР тестирање.