Вицешампионот на Франција Париз Сент Жермен славаше минимална победа од 2:0 против Амиен, на стартот од новата сезона во француската Лига 1.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Со головите на Кавани и Пасторе, „светците“ ја забележаа првата победа во новата сезона, а новото засилуваање за парижани, Бразилецот Нејмар не настапи на овој дуел, иако денеска беше претставен на „Паркот на принцовите“.
По еден центаршут на Дани Алвес, Кавани лесно се снајде во противничкиот шеснаесетник и ја затресе мрежата на гостите во финишот на првиот дел, а на 10 минути пред крајот на средбата Кавани му асистираше на Пасторе кој ги постави конечните 2:0.