Дома Топ вести Претседателот на Ријека: Ристовски заминува во Спорортинг Лисабон!

Претседателот на Ријека: Ристовски заминува во Спорортинг Лисабон!

Десниот бек на македонската фудбалска репрезентација и член на хрватскиот шампион Ријека, Стефан Ристовски, кариерата ќе ја продолжи во редовите на португалскиот гигант Спортинг Лисабон.

По многубројните шпекулации кои кружат веќе подолг период, информацијата денеска ја потврди претседателот на Ријека, Дамир Мишковиќ.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


„Вистина е дека Ристовски е пред заминување, а се ќе биде официјализирано кога ќе се заврши целата документација. Спортинг инсистираше на негов трансфер. Им понудивме дури и парична отштета за да го имаме за двомечот со Олимпијакос, но не сакаа да слушнат за такво нешто“, изјави Мишковиќ.

Македонскиот репрезентативец во Ријека пристигна во 2015 година од редовите на италијанската Латина, по што за краток период стана првотимец, а минатата година со Ријека ја освои двојната круна во Хрватска, освојувајќи го купот и првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…