Дома Фудбал Лига на шампиони Виљареал ја победи Аталанта во Бергамо за осминафинале во ЛШ 🎥

Виљареал ја победи Аталанта во Бергамо за осминафинале во ЛШ 🎥

Вечерва се одигра одложениот натпревар во Лигата на шампионите помеѓу Аталанта и Виљареал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На домаќините им беше потребна победа за пласман во следната фаза, а на крајот шпанскиот тим славеше победа со 2:3. Поведоа гостите уште во третата минута со голот на Данџуме после една грешка на одбраната на домашните тим. Капуе во 42. минута носи предност за Виљареал од 0:2.

Само што започна второто полувреме. Данџуме го постигна својот втор гол на денешниот натпревар и тука веќе стануваше јасно кој ќе оди во нокаут фазата од ЛШ. Аталанта доцна се разбуди. Малиновски во 71. минута намали на 1:3, а Запата 10 минути подоцна стрлеа за 2:3.

Повеќе од тоа италијанскиот претставник не можеше па својот пат ќе го продолжи во 1/16 финалето од Лигата на Европа. Виљареал му се придружува на Манчестер Јунајтед во 1/8 финалето од ЛШ.

Ждребот за осминафиналето е закажан за 13. декември (понеделник) од 12:00 часот во Нион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Светското првенство го сруши рекордот за голови во групната фаза

Тековното Светско првенство во фудбал официјално влезе во историјата, и тоа на импресивен …