Дома Топ вести Манчестер Сити не се откажува од Хари Кејн

Манчестер Сити не се откажува од Хари Кејн

Манчестер Сити ќе направи нов обид во јануари да го донесе Хари Кејн во своите редови, пренесува „ЕСПН“.

„Граѓаните“ во текот на летото испратија неколку богати понуди за Кејн, но не успеаа да најдат заеднички јазик со Тотенхем.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Спарси“ постави цена од 150 милиони фунти за својот напаѓач и немаше намера да попушти, па Кејн остана во Тотенхем.

Во Сити се надеваат дека ќе можат да го убедат Леви во јануари, бидејќи Кејн се уште не ставил потпис на нов договор.

Новиот менаџер Антонио Конте добил уверување дека Кејн нема да биде продаден, па мали се шансите Тотенхем да ја прифати понудата од „граѓаните“.

Меѓутоа, Кејн и овој пат може да инсистира да замине, бидејќи тој самиот сака да се пресели на „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола носи фантастична замена за Родри

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред,…