Дома Топ вести Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за Влаховиќ

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за Влаховиќ

Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој се вклучи во битката за потписот на Душан Влаховиќ, пренесуваат англиските медиуми.

Влаховиќ има договор со Фиорентина до 2023 година, но откако одби да го продолжи договорот, јасно е дека ќе биде продаден.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


21-годишниот напаѓач моментално е прв стрелец во Серија А и е на мета на многу европски гиганти, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Манчестер Јунајтед.

Покрај Јунајтед сериозен интерес за Србинот покажуваат уште Њукасл, Тотенхем, Арсенал, Јувентус и Милан.

Италијанските медиуми пишуваат дека Фиорентина повеќе би сакала да го продаде Влаховиќ во странство отколку во Серија А, а за неговата слобода бара 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…