Саул Нигез во последниот ден од преодниот рок го напушти Атлетико Мадрид и се пресели во Челзи.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанецот инсистираше да ја промени средината, па Челзи го доведе на едногодишна позајмица со право на откуп.




Меѓутоа, работите не се одвиваат добро за Саул, кој ретко добива шанса во Челзи и е незадоволен.
„Марка“ пренесува дека плејмејкерот уште во јануари сака да го напушти Челзи и да се врати во Атлетико Мадрид.




Шпанецот разговарал со Симеоне и ја признал грешката, па е спремен да се врати на „Ванда Метрополитано“.