Maкедонија денес е потресена од големата трагедија која се случи во Р. Бугарија во која во македонски автобус загинаа 46 лица, од кои 12 беа деца.
Битолскиот клуб Е.Пелистер по веста за трагедија се одлучи да ја затвори редовната фан зона пред натпреварот со Тататабања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека предвидената фан-зона со забавни и спортски активности пред натпреварот Еурофарм Пелистер – Татабања се откажува по веста за страотната несреќа во Бугарија, во која загинаа десетици македонски државјани. Натпреварот Еурофарм Пелистер – Татабања редовно ќе се одигра од 18:45 часот“, соопштија од клубот.