Дани Алвес беше првото засилување за Чави Ернандез откако дојде во Барселона, а сега според пишувањата на каталонскиот „Спорт“ новиот тренер на Барселона спрема ново изненадување.
Наводно, Чави побарал од Барселона да биде донесен Багдад Бунеџа кој го носи дресот на поранешниот клуб на Чави, Ал Сад.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Минатата сезона Алжирецот бешѓе најдобар стрелец во Ал Сад со 21 гол со што беше и прв стрелец во првенството на Катар. Сезонава зад своето име веќе има 11 гола.
Во случај да се реализира овој трансфер за 29 годишниот напаѓач ова ќе биде прв излез во Европа.