Напаѓачот на Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд најмногу се поврзува со трансфер во Реал Мадрид на лето следната година, пренесува „Билд“.
Германскиот медиум тврди дека оглема желба на норвешкиот голгетер е преселба во Мадрид. Тоа за него е првата опција, па потоа слеудваат останатите. Под „останатите“ се мисли на Премиер лигата која би излегла во прв план ако Реал не може да ги исполни неговите барања.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Според информациите барањата на Халанд се 30 милиони евра по сезона, тоа за Реал не е проблем во овој момент. Сепак, за идното лето многу се најавува и доаѓање на Мбапе во Мадрид. Платата на Мбапе веројатно би били отприлика иста како онаа на Халанд, можеби и повисока, па тоа може да биде проблем.




Борусија не сака лесно да се откаже од Халанд и сака да го продолжи договорот. Борусија сака да му понуди 16 милиони евра по сезона и така да го задржи барем уште една година на „Сигнал Идуна Парк“.