Златан Ибрахимовиќ му порачал на раководството на Милан да се обиде да го донесе на „Сан Сиро“ Душан Влаховиќ.
Ибрахимовиќ најверојатно ја игра последната сезона во кариерата бидејќи има полни 40 години, па сака да му помогне на Милан во изборот на негов наследник.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ибра смета дека негова идеална замена би бил Душан Влаховиќ, кој има само 21 години, но блеска во дресот на Фиорентина.
Влаховиќ има договор со Фиорентина до 2023 година, но откако одби да стане најплатен фудбалер во историјата на клубот, јасно е дека ќе биде продаден.
Сепак, на Милан нема да му биде лесно да стигне до потписот на Србинот, бидејќи конкуренцијата е голема, а Фиорентина за неговата слобода бара 70 милиони евра.