Милан е во потрага по квалитетен дефанзивец, бидејќи иднината на капитенот Ромањоли е неизвесна.
Најголема желба на „росонерите“ е дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, и ќе се обидат да го донесат на „Сан Сиро“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Станува збор за 21-годишен дефанзивец кој ги мина сите младински категории на Ајакс, а една сезона помина на позајмица во Херенвен. Во Лил пристигна во јули 2020 година и уште во првата сезона се наметна во еден од клучните играчи на тимот.
Во Милан веруваат дека Холанѓанецот може да биде наследник на Ромањоли, кој се уште не го продолжил договорот.
Милан има одлични односи со Лил и поради тоа верува дека ќе ја победи конкуренцијата и ќе го обезбеди потписот на Ботман.