Дома Трансфер зона Мурињо го сака својот сонародник од „Олд Трафорд“

Мурињо го сака својот сонародник од „Олд Трафорд“

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мурињо е силно заинтересиран за десниот бек на Манчестер Јунајтед, Диого Далот.

Далот минатата сезона ја помина на позајмица во Милан, одигра солидно и се врати на „Олд Трафорд“, но не добива голема минутажа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Португалецот сака да ја промени средината, а Јунајтед е спремен да го пушти во јануари, па Мурињо сака да ја искористи таквата ситуација.

Во 2018 година токму Мурињо го донесе Далот на „Олд Трафорд“ и одлично ги познава неговите квалитети. Рома сака да го донесе на позајмица со право на откуп, а Далот веќе дал согласност за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…