Дома Топ вести Перез: Тоа што го прави ПСЖ е безобразие, понудивме 200 милиони за Мбапе

Перез: Тоа што го прави ПСЖ е безобразие, понудивме 200 милиони за Мбапе

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е многу изнервиран од однесувањето на Пари Сент Жермен.

Тој како пример го наведе неуспешниот трансфер на Килијан Мбапе ова лето, за кого „кралевите“ понудија 200 милиони евра.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Клубовите кои се во сопственост на држави едноставно не сакаат да ги продаваат играчите. Тоа е безобразие! Ние понудивме 200 милиони евра за Мбапе, но тие не сакаа да го пуштат“, изјави Перез.

ПСЖ ја одби понудата иако Мбапе влезе во последната година од договорот и многу е веројатно дека ќе го загубат играчот без обештетување.

Притоа, „светците“ вршат притисок и го обвинуваат Реал дека нелегално го „врбува“ нивниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Полиција го изнесуваше Гачевски од теренот во Тетово 🎥

Teнзично беше денес во натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар во Тетово кој домаќините го до…