Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ готово сигурно ќе го напушти Интер на крајот на сезоната.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интер е подготвен да му понуди нов договор, но само со услов хрватскиот репрезентативец да се согласи на драстично намалување на платата.




Договорот на Перишиќ завршува на крајот на сезоната, па италијанските медиуми пренесуваат дека Интер веќе започнал да бара негова замена.




Прва желба е српскиот репрезентативец од Ајнтрахт, Филип Костиќ. Тој игра како лево крило, а може да игра и како лев бек, па идеално би се вклопил во формацијата 3-5-2 со која играат „нероаѕурите“.
„Калчомеркато“ пренесува дека Интер е спремен за неговиот потпис да понуди 20 милиони евра.