Новиот тренер на Барселона, Чави Ернандес уште во јануари ќе започне со реконструкција и засилување на тимот.
Весникот „АС“ пренесува дека Чави е заинтересиран за тројца фудбалери на Челзи, а станува збор за Кристиан Пулишиќ, Хаким Зијех и Ходсон-Одој.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
23-годишниот Пулишиќ има само пет минути во Премие лигата после првиот меч на сезоната. Тренерот Тухел не смета сериозно на него, но и повредите му попречија да има поголема минутажа.
Слична е ситуацијата со Хаким Зијех и Ходсон Одој. Мароканецот оваа сезона одигра само 181 минута и двајцата сакаат да ја променат средината во јануари.
Барселона внимателно ја следи ситуацијата и ќе се обиде да донесе барем двајца од тројцата фудбалери во зимскиот преоден рок. Каталонците ќе му понудат на Челзи позајмица со право на откуп следното лето.