Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за играчот за врска на Милан, Франк Кеси, пренесува „АС“.
Кеси влезе во последната година од договорот, но двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Росонерите“ му понудија плата од 6,5 милиони евра по сезона, но агентот на Кеси бара платата со бонуси да достигнува до 9 милиони евра.
Реал Мадрид и ПСЖ внимателно ја следат ситуацијата и сакаат да го донесат Кеси во своите редови, особено поради фактот што на крајот на сезоната ќе биде слободен агент.
Весникот не ја исклучува можноста двата клуба да испратат понуда за Кеси уште во зимскиот преоден рок.
📰 @diarioas: Real Madrid and PSG competing to land #ACMilan midfielder with €55m market valuehttps://t.co/oZl0xw5vqJ #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) November 15, 2021