Дома Топ вести Конте доби голем буџет, купува три ѕвезди од Серија А

Конте доби голем буџет, купува три ѕвезди од Серија А

Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем ќе има голем буџет на располагање во следните два преодни рокови.

Новиот тренер Антонио Конте ќе добие одврзани раце кога се трансферите во прашање, а Италијанецот веќе направил список од три ѕвезди од Серија А.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Прво име на списокот е Душан Влаховиќ од Фиорентина. 21-годишниот напаѓач најави заминување, многу европски гиганти го сакаат, а Тотенхем е спремен да ја победи конкуренцијата.

Наводно „спарси“ веќе започнале преговори и се спремни да понудат 70 милиони евра за да го донесат уште во зимскиот преоден рок. Втората мета е Стефан де Врај од Интер. Конте одлично го познава дефанзивецот и е спремен да понуди 40 милиони евра за неговиот потпис. Сепак, тешко е да се поверува дека „нероаѕурите“ ќе го пуштат играчот на средина од сезоната.

На крајот Конте го сака и Франк Кеси од Милан. Неговиот договор со Милан завршува на крајот на сезоната, а Тотенхем веќе испратил богата понуда до неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Флик по дебаклот: Обвинете ме мене…

Eкипата на Барселона вчера го претрпе првиот пораз во Ла Лига и тоа беше вистински дебакл …