Дома Фудбал Хенес: Можеби Баерн треба да игра со 10 играчи за Бундеслигата да биде интересна

Хенес: Можеби Баерн треба да игра со 10 играчи за Бундеслигата да биде интересна

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес имаше жесток вербален напад на останатите тимови од Бундеслигата.

Баерн веќе девет години има апсолутна доминација во Бундеслигата, а последен тим кој успеа да им ја земе титулата е Борусија Дортмунд во 2012 година.

Многумина го критикуваат Баерн дека ги купува најдобрите играчи од останатите клубови, па Хенес има интересен одговор.

„Дали треба да го изгаснеме клубот за Бундеслигата да биде повторно возбудлива? Или во иднина треба да играме со 10 играчи на кој меч? Тоа е прилично досадна расправа“, изјави Хенес.

„Не гледам ништо лошо тоа што Баерн е поважен за спонзорите во однос на Борусија Дортмунд. Работевме напорно за тоа, не ни падна на лотарија“, додаде Хенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куртоа сака да купи италијански клуб, сопственикот чека обврзувачка понуда

Фондот што го основаше голманот на Реал Мадрид е заинтересиран за целосно преземање на Реџ…