Дома Фудбал Легендата на Валенсија им порачува на најдобрите играчи: Заминете си, тука никој не знае ниту кој е спортски директор!

Легендата на Валенсија им порачува на најдобрите играчи: Заминете си, тука никој не знае ниту кој е спортски директор!

Навивачите на Валенсија бараат заминување на првиот човек на клубот Питер Лим.

66-годишниот сингапурски магнат пред седум години ја презема Валенсија и тргна со големи амбиции и вложувања. Сепак Валенсија не успеа никако да се пробие кон врвот во Ла Лига. Легендарниот голман на клубот Сантијаго Канизарес им порача на најдобрите играч, Карлос Солер и Хозе Гаја да си заминат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„За Валенсија играв десет години. Тука ги поминав најдобрите денови од кариерата, се уште живеам во градот. Тука ми се родија шест деца, но им порачувам да не ги продолжат договорите и да заминат. Нека кажат дека треба да си ги штитат своите интереси и нека пронајдат клуб каде што ќе се чувствуваат пријатно и каде се ќе биде професионално“.

„Зошто да останат во Валенсија со спортски директор за кој не знаеме дека постои? Никогаш ништо не изјавува, дури не го знаеме и неговото име. Прашајте ги навивачите кој е спортски директор – никој не знае! Гаја и Солер се поголеми легенди од ние што освојувавме трофеи. Ако одлучат да останат тоа ќе биде најдобар доказ за нивната великодушност“, изјави Канизарес.

Во овој момент екипата на Валенсија е на средина од табелата со 17 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…