Кристиано Роналдо според листата на „Форбс“ најмногу заработил од сите професионални фудбалери во 2021 година.
Португалецот од договорот со Јувентус и подоцна од Манчестер Јунајтед инкасирал 70 милиони долари. Дополнителни 55 милиони му донеле спонзорските договори, па така стигнал до вкупна заработка од 125 милиони долари
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На второто место е Лионел Меси. Аргентинецот ова лето се пресели од Барселона во ПСЖ. Неговиот договор вреди 75 милиони долари, но затоа има 20 милиони помала заработка од Роналдо кога во прашање се спонзорите. Меси има доживотни договори со „Адидас“, „Пепси“, „Бадвајзер“…
На третото место е Бразилецот Нејмар. Нејмар има иста годишна плата како Меси, односно о75 милиони додека од спонзорски договорил добил уште 20 милиони долари.