Дома Фудбал Роналдо пред Аталанта: Од лично искуство знам дека во Бергамо никогаш не е лесно

Роналдо пред Аталанта: Од лично искуство знам дека во Бергамо никогаш не е лесно

Вечерва се играат натпревари од 4. коло во Лигата на шампионите, а во групата „Ф“ ќе се сретнат Аталанта и Манчестер Јунајтед.

Натпреварот е од голема важност за двете екипи со оглед дека Јунајтед во овој момент се наоѓа на чело на табелата со шест освоени бодови, додека Аталанта е третопласирана со два бода помалку.

Пред вечерашниот натпревар се огласи и Роналдо кој истакна дека во Бергамо не е лесно да се игра.

„Се враќам во Италија, во земјата во која бев срдечно пречекан. Италија секогаш ќе биде во моето срце. Од лично искуство знам дека во Бергамо никогаш не е лесно, но ќе дадеме се од себе да победиме. Сакаме да го задржиме првото место“, истакна Роналдо.

Во вториот натпревар од оваа група ќе играат Виљареал и Јанг Бојс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…