Џузепе Роси е еден од оние фудбалери кои повредите го спречија да го исполни својот голем потенцијал, меѓутоа тој се уште сака да игра фудбал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Роси денес има 35 години и според италијанските медиуми екипата на СПАЛ е подготвена да му даде нова шанса. СПАЛ беше купен од американскиот бизнисмен Џо Таколина и неговите амбиции се да го врати тимот во Серија А. Според него искуството и квалитетот на Роси можат да бидат од голема корист.




Џузепе Роси е дете на парма. После банкротот во Парма во 2004 година Роси се пресели во Манчестер Јунајтед, а потоа го носеше дресот уште на Виљареал, Њукасл, Леванте, Џенова, Фиорентина, Селта…Сепак, никаде не го исполни потенцијалот кој го поседуваше.