Дома Македонски спорт „Динамо без Адеми не е истата екипа“

„Динамо без Адеми не е истата екипа“

Динамо Загреб вчера изненадувачки запиша пораз во Лига Европа против Рапид Виена во Лигата на Европа, а како една од главните причини за лошата игра медиумите го истакнуваат неиграњето на Аријан Адеми.

Хрватски „Јутарњи“ направи подлабока анализа и според бројките Адеми многу недостасува на играта на Динамо кога не е на теренот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Динамо без Адеми не е истиот тим и тоа на сите им јасно. Се виде зошто неговата повреда на натпреварот Македонија – Германија за Динамо беше означена како алармантна“, стои во анализата на хрватскиот медиум.

Статистиката покажува дека Динамо без Адеми одиграл 49 натпревари, славел 16 пати, 11 пати одиграле реми и запишаа 22 порази. Кога е групната фаза во прашање Динамо одиграл 22 натпревар без Адеми и дури 19 пати биле поразени и еднаш одиграле нерешено.

Целата анализа можете да ја прочитате – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Навивачите револтирани: Перез сака да плати 27 милиони фунти за фудбалер кој никој не сака да го види во Реал Мадрид

Ново трансфер-поглавје се отвора на релацијата помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Сп…