Дома Фудбал Баерн: И покрај двете примени вакцини Нагелсман доби позитивен тест

Баерн: И покрај двете примени вакцини Нагелсман доби позитивен тест

Баерн Минхен со убедливи 4:0 ја победи Бенфика, за утрово да соопшти лоши вести.

Имено, тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман бил позитивен на коронавирус и затоа вчера не го водеше својот тим од клупата. Нагелсман добил позитивен тест и во Минхен ќе лета одвоено од фудбалерите.

„Ќе се врати со болнички авион и веднаш оди во изолација“, изјавија од Баерн.

Инаку, тренерот на Баерн е целосно вакциниран со две дози, но и покрај тоа сега добил позитивен тест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два поништени гола и непробојна Фалк: Челси запрен во Шведска

Фудбалерките на Челси доминираа против Хекен, но останаа без погодок и одиграа 0-0 во Лига…