Дома Топ вести Ни Дибала, ни Кутињо – замената за Нејмар е поранешната ѕвезда на Реал

Ни Дибала, ни Кутињо – замената за Нејмар е поранешната ѕвезда на Реал

Сагата околу трансферот на Нејмар во ПСЖ е готова. Играчот отпатува во Азија, во Доха ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише договор со ПСЖ.

Барселона ќе добие 222 милиони евра како обештетување, и со многу пари во рака ќе има еден месец на расолагање да донесе замена за Бразилецот.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Кутињо и Дибала се главни мети, но Ливерпул и Јувентус не попуштаат, па поради тоа денес медиумите лансираа едно неочекуано име – Месут Озил.

Пред седум години Гвардиола сакаше да го донесе во Барселона, Германецот тогаш заврши во Реал Мадрид, а сега конечно би можел да го облечи дресот на Каталонците.

Озил има договор на уште една година со Арсенал, сеуште не потпишал нов договор, па понудата од Барселона би ја прифатил веднаш.

Шпанските медиуми тврдат дека Валверде го посочил Германецот како идеално засилувње, а Барселона е спремна да понуди 50 милиони евра, сума која најверојатно Арсенал ќе ја прифати.

Интересно, во договорот на Озил има клаузула според која Реал Мадрид има можност да ја изедначи секоја понуда за Германецот и да го врати на „Сантиаго Бернабеу“, но јасно е дека тоа нема да го стори во овој случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…