Дома Фудбал Репрезентации Започна судењето на Бензема, му се заканува затворска казна од пет години

Започна судењето на Бензема, му се заканува затворска казна од пет години

Денес започна судењето за Карим Бензема од ситуацијата во 2015 година поради уценувањето со секс-снимки кон соиграчот од репрезентацијата Матијас Валбуена.

„Одлуката да му се суди на Бензема е апсурдна и сурова. Нема за што да му се замери“, изјави адвокатот на Бензема, Силван Кормие.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Француските закони за такво дело предвидуваат максимална затворска казна од пет години. Според она што се знае Бензема и уште четири други лица барале од Валбуена сума од 50.000 до 100.000 евра за снимката да не биде објавена. Откако скандалот дојде до медиумите двајцата беа исфрлени од репрезентацијата, Бензема пет години не беше дел од селекцијата на Франција се до Европското првенство ова лето.

Бензема е обвинет дека го убедувал Валбуена да плати откако му пренел по кои услови може да спречи снимката да се објави во јавноста. Сето тоа напаѓачот го негираше, сега случајот стигна до судот.

Медиумите објавија дека за случајот на сослушување бил викнат и поранешниот француски репрезентативец Џибрил Сисе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…