Дома Фудбал Лига на шампиони Де Брујн: Левандовски е најдобриот фудбалер во светот

Де Брујн: Левандовски е најдобриот фудбалер во светот

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн смета дека Роберт Левандовски во овој момент е најдобриот фудбалер во светот.

„Би морало да се земе во предвид двегодишниот период, така би го избрал Левандовски. Заслужи со постигнатите голови и поради се што освои со Баерн“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На прес-конференцијата пред натпреварот со Клуб Бриж, Де Брујн беше запрашан да даде коментар на изјавата на Рахим Стерлинг за неговото потенцијално заминување.

„Ротацијата е важна, но разбирам дека има и фрустрација. Некогаш е тешко да играш една, па да пропуштиш друг натпреварот. Сепак, на крајот менаџерот е тој кој ги носи одлуките. Ние сме група од 22-23 играчи и сите си даваме поддршка еден на друг“, изјави Де Брујн.

Ќе потсетиме, Манчестер Сити минатата година изгуби во финалето од Лигата на шампионите од Челзи со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Каи Хаверц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Интер го потврди засилувањето од 23 милиони евра

Денеска, милански Интер соопшти дека младата француска надеж, Анж-Јоан Бони е најновиот иг…