Дома Македонски спорт Саша Ќириќ за „Билд“: Му препорачувам на Миовски да оди во Бундеслига 2

Саша Ќириќ за „Билд“: Му препорачувам на Миовски да оди во Бундеслига 2

Eдна од легендите на македонскиот фудбал, Саша Кириќ разговараше со новинарите на германски „Билд“ и изнесе големи пофалви за новиот репрезентативец Бојан Миовски.

Кириќ истакна дека Миовски би можел да биде негов македонски наследник во Бундеслигата.

„Бојан е високј е 1.89, има одлична техника затоа што пред фудбалот играше футсал. Поседува се што треба да има еден модерен центарфор во денешно време. Нормално дека играчи како него сакаат да играат во најдобрите клубови во Бундеслигата. Сепак, јас во разговорите со него му препорачувам прво да оди во Втората Бундеслига која верувам би му бил одличен чекор кон посериозни амбиции“, изјави Ќириќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…