Македонија вечерва претрпе убедлив пораз од Германија во квалификациите за Светското првенство (0:4).
После натпреварот на прес-конференција со новинарите зборувше селекторот Благоја Милевски. Според селекторот вечерва изгубивме поради нашите грешки во одбраната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Германија заслужено победи. Не можам да бидам незадоволен од играта во првото полувреме, имвме неколку одлични можности преку транзиција на играта, но за жал не ги искористивме. Во второто полувреме примивме четири гола по наши грешки. По првиот гол паднавме физички, можеби проблем беше и недоволната физичка подготвеност“.
Во првото полувреме поради повреда беше заменет Аријан Адеми, на негово место во игра влезе Стефан Спировски.
„Адеми е важен играч во такитички замисли. Но, мислам дека Стефан кој го замени одигра на потребното ниво. Со селекција како Германија не можете да остварите позитивен резултат ако одиграте едно полувреме. Видовме дека ја казнуваат секоја грешка“.
Македонија сега е трета во групата со 12 освоени бодови, колку што има и Ерменија. Романија е втора со 13. Во последните две кола ќе се сретнеме со Ерменија на гости и Исланд дома.
Фото: ФФМ