Кристиано Роналдо вчера со голот во последните минути од натпреварот против Виљареал обезбеди победа за Манчестер Јунајтед.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со овој гол Роналдо само си го зацврсти статусот на незаменлив меѓу навивачи кои беа фрустрирани затоа што Јунајтед после две кола можеше да остане без победа во ЛШ, но Роналдо ја спаси ситуацијата.




„Поради ова се вратив, ми недостасуваше овој клуб. Имам успешна историја со Јунајтед и сакам да ги повториме успесите. Не само поради мене, туку и поради тимот. Ако не победевме вечерва ќе беше тешко да ја поминеме групата. Се надевам ќе успееме во нашата цел“, изјави Роналдо.



