Дома Останати Ракомет Вецлар на Миркуловски го претстави Кушан: Ќе играм во најсилната лига во светот

Вецлар на Миркуловски го претстави Кушан: Ќе играм во најсилната лига во светот

Како и што вчера беше потврдено, денес Томислав Кушан го комплетираше трансферот во Вецлар.

Трансферот вчера го потврди Еурофарм Пелистер, а денес тој беше претставен во Вецлар каде што ќе биде замена за Патрик Гемп кој се здоби со повреди, ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Со Вецлар Кушан потпиша договор до сезоната 2022/2023.

„Среќен сум што доаѓам во Вецлар. Убаво е чувството затоа што знам дека ќе играм во најсилната лига во светот и сакам побрзо да се стекнам со позиција во Германија за да му помогнам на клубот“, истакна Кушан на претставувањето.

Ќе потсетиме во Вецлар е искусниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Георгиевски и Ќосевски остануваат во Вардар!

Двете десни крила, капитенот Гоце Георгиевски и Ален Ќосевски ги продолжија договорите и в…