Младиот француски талент Едуардо Камавинга во последниот ден од преодниот рок пристигна во Реал Мадрид и веднаш воодушеви со своите настапи.
Камавинга постигна гол уште на своето деби за „кралевите“, а сега откри што му е најтешко во новиот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Веднаш кога видов дека Реал е заинтересиран и сака да ме купи, не се размислував ни секунда. Кога дебитирав дакав само да му помогнам на тимот. На почетокот не славев бидејќи не очекував дека ќе бидам стрелец во првиот меч, но кога го видов судијата сфатив дека постигнав гол и беше лудо“, открива 18-годишниот играч за врска.
„Тренинзите во Реал веднаш ме импресионираа. После првиот тренинг бев многу уморен, но брзо се навикнав. Најтешко ми е поради јазикот, шпанскиот не ми оди добро“, додаде Камавинга.