Дома Трансфер зона Готово: Интер донесе ново засилување од 24 милиони!

Готово: Интер донесе ново засилување од 24 милиони!

Готово сите италијанските медиуми потврдија дека Интер ги договорил сите детали за трансферот на Матијас Весино од Фиорентина.

25-годишниот Весино е поливалентен играч за врска, а „нероаѕурите“ ќе ја активираат неговата откупна клаузула која изнесува 24 милиони евра.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Фудбалерот веќе постигна договор со Интер и ќе потпише четиригодишен договор според кој ќе заработува 3 милиони евра по сезона.

Тренерот на Фиорентина, Стефано Пиоли го потврди трансферот и соопшти дека фудбалерот нема да биде повикан за пријателскиот натпревар против Спортинг Лисабон.

Ова е второ засилување кое Интер го носи од Фиорентина ова лето, после Борха Валеро, а четврто вкупно. Претходно на „Џеземе Меаца“ пристигнаа дефанзивецот Шкриниар од Самдорија и голманот Падели.

Интер имаше за цел да донесе едно големо засилување во средниот ред, но откако пропаднаа надежите за трансфер на Наинголан, „нероаѕурите“ се одлучија да го комплетираат трансферот на Весино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…