Барселона може да го добие селекторот на Белгија, Роберто Мартинез за скромна сума.
Имено, во договорот на Мартинез има ослободителна клаузула од 1,8 милиони евра и доколку биде платена може да замине пред истекот на договорот, пренесува каталонски „Спорт“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После слабиот почеток на сезоната Барселона сериозно размислува за тренерска смена, а Мартинез е на врвот на листата желби.
Мартинез има договор со Федерацијата до завршувањето на Мундијалот во Катар во 2022 година, но Барса наскоро ќе започне преговори со неговиот агент.