Дома Фудбал Куман: Ќе разговарам со претседателот, мојата судбина е во негови раце

Куман: Ќе разговарам со претседателот, мојата судбина е во негови раце

Барселона продолжи со лошите резултати откако синоќа освои само бод на гостувањето кај Кадиз.

Со тоа дополнително се зголеми притисокот врз тренерот Роналд Куман, па се зголемија шпекулациите за негов отказ.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Не сакам да го анализирам мојот статус. Сакам да зборувам за тимот, за неговото одлично однесување и посветеност. Каква е мојата иднина? Не знам, таа е во рацете на претседателот. Веројатно ќе разговараме наредните денови, секако доколку сака да разговара“, истакна Куман.

Тренерот на Барселона доби црвен картон во судиското надополнување, а по мечот беше огорчен од потегот на судијата.

„Го добив незаслужено. Не се расправав со никого, само му кажав на помошникот дека натпреварот треба да се запре затоа што има две топки на теренот. Тоа го видоа сите освен судиите. Во оваа земја ви даваат црвени картони без причина“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…