Исмаил Сар имаше понуда од Барселона, но од Мец се пресели во Рен.
Додека децата во светот прерано си заминуваат во европските гиганти и потоа се губат чекајќи ја минутажата покрај ѕвездите, Сар одлучи да ја гради кариерата на друг начин.
Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓
„Денеска сум среќен, а моите родители се горди на мене. Благодарен сум за секој ден кога својата стратс ја претворам во својата професија. Среќен сум поради потписот за Рен. Тоа е клуб во кој можам да напредувам. Се уште морам да се развивам дефанзивно и морам да станам порешителен пред голот“, изјави Сар, кој веќе дебитираше за репрезентацијата на Сенегал.
Сар минатата сезона пристигна во Мец и веднаш воодушеви на левото крило. Клубот го напушти за 17 милиони евра. Искрено откри зошто ја одби Барселона…
„Заминувањето во Барселона едноставно беше прерано за мене. Мислам дека добро одлучив“.