Дома Фудбал Германија Коман заглави во тоалет, па измената на Нагелсман чекаше 10 минути

Коман заглави во тоалет, па измената на Нагелсман чекаше 10 минути

Баерн Минхен славеше убедлива победа од 3:0 на гостувањето кај Барселона, но натпреварот го обележа една интересна сцена.

Интересната сцена беше забележана во второто полувреме, кога Јулијан Нагелсман дури 10 минути си го бараше фудбалерот низ „Камп Ноу“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Серж Гнабри и Кингсли Коман требаше да влезат во игра, но францускиот играч исчезна на 10 минути, а сега е откриено дека завршил во тоалет и тоа го потврди Нагелсман.

Гнабри влезе во игра во 69-та минута од натпреварот, додека Коман влезе дури во 82-та минута, кога го замени Сане.

„Кингсли имаше стомачен проблем непосредно пред да влезе во игра, пред да ја извршиме измената. Поради тоа, моравме да почекаме да заврши неговата посета на тоалетот на Камп Ноу“, објасни Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…