Дома Фудбал Бензема ја објасни ситуацијата со кривиот прст

Бензема ја објасни ситуацијата со кривиот прст

Карим Бензема веќе долго време игра со завој околу дланката, а главна причина за тоа е малиот прст кој францускиот напаѓач го повреди уште во јануари 2019 година.

Пред мечот од Лигата на шампиони ги интересираше новинарите во каква состојба се наоѓа неговиот прст и зошто не се оперира.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Бензема ја објасни целата ситуација и изјави дека сега нема време за операција.

„Имав една операција и морав да паузирам два месеци. Сакав да се вратам и повторно се повредив. Сега немам време за нова операција“, вели напаѓачот на Реал Мадрид.

Очигледно дека на Французинот не му смета завојот на раката, бидејќи одлично ја започна новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…