Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед го чека трансферот на Мбапе во Реал

Манчестер Јунајтед го чека трансферот на Мбапе во Реал

Како што пишува „Independet“, трансферот на Килијан Мбапе од Монако во Реал Мадрид би можел позитивно да влијае и на трансферот на Герет Бејл во Манчестер Јунајтед.

Интересот на Јунајтед за Велшанецот никогаш не престана, но факт е дека имало застој во преговорите на двата клуба. Постојат извор блиски до Реал кои тврдат дека на Реал добро ќе му дојдат парите од продажбата на Бејл за да покрие дел од трансферот од дури 160 милиони евра, колку што ќе мора да им плати на Монако за Мбапе.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Од другата страна, ги има и оние кои тврдат дека „Мадриѓаните“ би го продале Бејл на Манчестер Јунајтед за да се ослобид место за Иско, кој одлично се снајде во финалето на Лигата на Шампионите, на местото на велшкиот фудбалер кој тогаш беше повреден.

Мурињо неодамна со насмевка на лицето на новинарите им одговараше на прашањета поврзани со трансферот на Бејл на „Олд Трафорд“, а познато е дека и самиот фудбалер има симпатии кон „Црвените ѓаволи“, како и дека од Реал Мадрид би си заминал само во овој клуб.

Единствено Манчестер Сити би можел да му комплицира на Јунајтед и да испрати финансиска одлична понуда за напаѓачот. Меѓутоа, самиот Бејл не е заинтересиран за преселба на „Етихад“.

Нема сомнеж дека многумина со нетрпение го чекаат трансферот на Мбапе во Реал Мадрид, останува да видиме дали до него ова лето воопшто ќе дојде…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Александер Арнолд уште од јануари во Реал

Трент Александер-Арнолд може да го напушти Ливерпул уште во јануари бидејќи според последн…