Дома Фудбал Италија Милан не жали пари за да го задржи Кеси

Милан не жали пари за да го задржи Кеси

Милан не сака да му се повтори „случајот Донарума“ и сака што побрзо да потпише нов договор со Франк Кеси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кеси одигра фантастична сезона и беше најзаслужен за добрите резултати на „росонерите“, а неговиот договор истекува следната година.

Италијанските медиуми пренесуваат дека приоритет за Милан е продолжување на договорот, но агентот на Кеси ги одби првите две понуди на „росонерите“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Малдини наскоро ќе има средба со агентот и ќе презентира нова понуда, која ќе достигне 7 милиони евра по сезона со вклучени бонуси.

За 23-годишниот фудбалер има интерес од многу клубови ширум Европа, но самиот тој преферира да остане во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нова изјава на Марез ја разгоре сомнителната ситуација на Светското првенство

Најистакнатиот фудбалер на Алжир, Ријад Марез, се најде во центарот на јавноста поради сво…