Дома Трансфер зона Венгер пронајде замена за Санчез, но дали малку претера?

Венгер пронајде замена за Санчез, но дали малку претера?

Арсен Венгер полека се соочува со реалноста дека во овој трансфер период ќе остане без Алексис Санчез, па се фрли во потрага по крилен напаѓач. Прв на листата го гледа играчот на Реал Мадрид, Герет Бејл.

Се повеќе и често се споменува срушувањето на триото BBC од Реал, а најголем фаворит да го напушти Реал е токму одличниот Велшанец. Најмногу поради повредите и од таа страна Арсенал би можел да се надева дека може да дојде до тоа засилување.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Сепак, постои најмалку една пречка во тоа. Бејл фудбалското име го стекна во Тотенхем, најголемиот ривал на Арсенал и сигурно дека нема така лесно да им забие нож во грбот на навивачите на Тотенхем. Поради тоа, далеку поголем фаворит за неговото доведување е Манчестер Јунајтед.

Секако, основниот предуслов дека Бејл ќе си замине од Мадрид е на „Сантијаго Бернабе“ да пристигне Килијан Мбапе од Монако во рекорден трансфер. Но, и тоа не значи дека Бејл ќе си замине, тоа може да биде и Карим Бензема, што исто така сериозно се шпекулира, а е и голема желба на Венгер изминативе трансфер периоди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…