Дома Трансфер зона Новиот „бисер“ на Салзбург на мета на европските гиганти

Новиот „бисер“ на Салзбург на мета на европските гиганти

Kaрим Адејеми би можел да биде новиот „бисер“ кој ќе го лансира Салзбург.

Напаѓачот Карим Адејеми (19) во овој момент е еден од најбараните во Европа, како и да не биде после одличната статистика од почетокот на сезоната – седум голови на девет настапи во сите натпреварувања.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Пред неколку дена дебитираше и за сениорската репрезентација на Германија, постигна гол за 18 минути поминати на теренот против Ерменија.

Неговите настапи не поминаа незабележано од европските гиганти, па во последно време се погласно се зборува за интерес од Ливерпул и Барселона.

Од претходно го следат Борусија Дортмунд и Баерн каде што беше две години во академијата па премина во Унтерхинг. Од таму Салзбург го доведе во јули 2018 година. Тогаш за него плати 3.350.000 евра, иако имаше само 16 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…