Дома Македонски спорт Мак фудбал За ЖФК Љуботен потпиша и репрезентативката Сара Хусеин

За ЖФК Љуботен потпиша и репрезентативката Сара Хусеин

Oд ЖФК Љуботен додека го чекаат како што соопштија најголемиот трансфер во женскиот фудбал кај нас, според најавите станува збор за Колумбијка, потврдија дека потпишале и со актуелната репрезентативка на Македонија Сара Хусеин.

„Актуелната Македонска сениорска репрезентативка и досегашен член на ЖФК Истатов 2015 Сара Хусеин е нов член на ЖФК Љуботен.Хусеин која во својата кариера има настапувано за повеќе македонски клубови во последните денови од преодниот рок го засили нашиот клуб т.е. ја засили средната линија на тимот и со својата “префинета” техника ќе биде вистинско освежување во средниот ред“, објавија од Љуботен.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Претходно во текот на денот беше објавено дека потпишале со Бразилката Татиане Мораес Бипсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…