Дома Македонски спорт Мак фудбал Уште една Бразилка потпиша за ЖФК Љуботен!

Уште една Бразилка потпиша за ЖФК Љуботен!

ЖФК Љуботен продолжува со трендот на доведување на Бразилки во своите редови.

Нов член на овој клуб е Татиане Мораес Бипсо која доаѓа од бразилскиот Ботофаго. Клубот потписот го потврди на социјалните мрежи.

„Нов член на нашиот клуб е и Tatiane Moraes Bipso доскорешниот член на бразилски Ботофого во новата сезона ќе биде вистински “разбивач” во нападот на ЖФК Љуботен. 31 годишната “корпулентна” Бразилка има и настапи во Европа настапувајќи во шампионатот на Швајцарија. Со “робусната” Мораес Бипсо која веднаш ги покажа своите квалитети на неколкуте пријателски натпревари нападот на ЖФК Љуботен добива сила и разновидност во нападите“, стои во објавата на клубот на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Почина Димитар Георгиев – Шеки, еден од великаните на Беласица

Струмичкиот фудбал остана без Димитар Георгиев – Шеки, кој со 235 првенствени настапи и 50…