Дома Фудбал Лук Де Јонг е спремен за деби, утрово ги помина лекарските прегледи 🎥

Лук Де Јонг е спремен за деби, утрово ги помина лекарските прегледи 🎥

Лук Де Јонг утрово ги помина лекарските прегледи во Барселона во позајмицата во која пристигнува од Севиља.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Де Јонг постигна договор за позајмица во Барселона во последниот ден од преодниот рок и пристигнува во клубот како замена за Антоан Гризман кој се врати во Атлетико Мадрид.

Барселона не смееше да си дозволи да не доведе напаѓач откако остана без Меси и Гризман, а Агуеро на почетокот во клубот има проблеми со повредите.

Утрово Де Јонг ги помина прегледите и сега ќе може да се приклучи на соиграчите на тренинзите, во викендот кој следи би можел и да дебитира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона бара кредит од 210 милиони евра за трансфери

Раководството на Барселона планира сериозна инвестиција на летниот трансфер пазар. Како сп…